Таа раскажува дека се заразила пред да биде регистриран првиот смртен случај во американската држава Илиноис и дека и изгледа дека од тогаш поминал цел век.
– Ме закачи вирусот пред кој било да носи маска. Сега зборуваме за втора година, вакцини, нови соеви, нова администрација, ама мене ми е се исто. Секогаш сум во кревет, во својата соба. Болна сум 331 ден. Имам чувство дека времето не поминува, се чувствувам како да сум во затвор и дека удирам цртки на ѕидот – вели таа за Вашингтон пост, а пренесува Сиетел тајмс.
Вели дека едно време си зборувала сама на себе дека утре ќе и биде подобро, но дека тоа повеќе не го прави.
– Се обидувам да се помирам со фактот дека овој вирус е нешто што нема да го совладам. Тоа би можело да биде тоа. Се будам секое утро и се прашувам како ќе ми биде денеска. Јас сум тоа што лекарите го нарекуваат долготраен пациент, кога ковид го презема вашето тело и не сака да си оди. Лекарите сметаат дека такви пациенти може да има десетици илјади во светот, ама никој не знае. Се паршувате дали ќе имам мачнина или силна вртоглавица, или можеби преферирате мигрена со болки во телото. Некои симптоми се константни, како што се болките во телото и слабост од глава до петици, а некои доаѓаат и поминуваат како ѕвонење во ушите, болка во ребтрата, прескокнување на срцето, жешки уши, вкочанети прсти, чувство на опиеност – додава таа.
Денис вели дека повеќе нема работа, дека понекогаш едвај станува од кревет и дека има чувство дека денот никогаш не почнува, ниту завршува.
– Некогаш имам губење на помнењето па помислувам дека имам амнезија. Како да сум во црна дупка. Ги чекам часовите да поминат – вели таа.