Низ солзи првпат проговори мајката на починатиот српски актер ВИДЕО

920

Во Белград вчера, пред Атеље 212, беше откриен мурал во чест на починатиот српски актер и пејач Маринко Маџгаљ, каде освен неговите колеги присуствуваше и неговата мајка Мирјана, пишува „Ало.рс“.

Голем број пријатели се собраа да се присетат на младиот актер, кој почина од рак, а најгорда на неговите колеги и пријатели, била неговата мајка Мирјана, која првпат проговорила за српските медиуми по смртта на својот син.






– Им благодарам на сите коишто дојдоа на оваа идеја да не се заборави мојот Маки. Ми недостасува секој ден и сето ова е тешко за една мајка. Не проаѓа ден да не помислам на него. Многу сакаше да работи, постојано беше зафатен.  Ги обожаваше Белград и Котор, тоа беа неговите градови. Кога и да отидеше некаде јас му се јавував и му велев: „Сине дојди, ти подготвив сарми“. Обожаваше да јаде сарми. Мојот син беше чиста љубов и среќа. Сега ја имам неговата ќерка за која живеам, таа е прекрасна и оди на балет – рекла низ солзи Мирјана.

Таа низ солзи додава дека таа ги одбрала фотографиите за муралот.

– Јас ја одбрав фотографијата. Тоа е мојата најдрага фотографија. Неговата насмевка беше неодолива. Тој секое утро ми се јавуваше мене и ми велеше: „Мамо, колку прекрасен ден.“ Тој секогаш се радуваше на сонцето и на новиот ден – рекла мајката на актерот за „Ало!“.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини