Тинејџерите во Шкотска, по враќањето во училиште сами ќе се тестираат двапати неделно
Тестовите на почеток ќе бидат понудени на вработените и на учениците од повисоките класови, а би требало да бидат доставени во училиштата неделава.
Според најавите на шкотските власти, тинејџерите од таа земја двапати неделно ќе се тестираат дома кога училиштата повторно ќе се отворат.
Тие ќе се тестираат сами или со помош на родителите, а ќе користат брзи тестови кои веднаш даваат резултати.
Иако станува збор за доброволна програма, министерот за образование Џон Свини смета дека е добро што повеќе ученици да го практикуваат за училиштата да се заштитат од појава на жаришта на коронавирусот, пишува Скај Њуз.
Училиштата во Шкотска би требало повторно да се отворат на 22 февруари за почеток на второто полугодие.Прво ќе бидат отворени основните училишта.
Тестовите на почеток ќе бидат понудени на вработените и на учениците од повисоките класови, а би требало да бидат доставени во училиштата неделава.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека училиштата во Англија нема да бидат отворени до 8 март. Властите на Северна Ирска исто така навеле дека училиштата најрано ќе бидат отворени во март.