Нови детали за смртта на Марадона: Лекарот го „труел“ со пиво и со марихуана за полесно да заспие

Марадона постојано и сам барал марихуана, но таа не му била дозволена и наместо тоа добивал тутун за џвакање.

681

По смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, во неговата татковина Аргентина постојано се објавуваат вести и информации за неговата смрт.

Личниот лекар на Диего, Леополдо Луке, наскоро ќе треба да биде сослушан, а во јавноста сега сè почесто испливуваат компромитирачки информации за тоа како тој се грижел за својот пациент.






Сега излезе информација која говори за еден неверојатен потег на асистентот на Луке, Чарли, кој постојано му давал алкохол и марихуана на Марадона за да може полесно да го успие.

– Ми рекоа дека Чарли организирал доаѓање на женски лица за време на ноќта, а за да се реши од Диего му давал пиво и марихуана. Не можам да поднесам дека Чарли му дал марихуана – му напишал Луке на еден член од неговиот персонал, а овој разговор сега излезе во јавноста.

Марадона постојано и сам барал марихуана, но таа не му била дозволена и наместо тоа добивал тутун за џвакање.

Истрагата за смртта на Марадона официјално ќе започне следната недела, а прв на удар ќе биде токму Леополдо Луке кого многумина го сметаат за главен виновник за смртта на поранешниот фудбалер.

Поврзани содржини