Во Велика Британија од денеска почнува тестирање на ковид-19 од „врата на врата“ на околу 80.000 луѓе со цел да се спречи ширењето на многу зарзаната јужноафрканска мутација на коронавирусот.
Поради спречување на нови заболувања, жителите на осум области во Британија ќе бидат тестирани дали имаат симтоми.
Во секоја област има околу 10.000 луѓе. Три области се во Лондон, две на југоситок, една во централниот дел, една на ситок и една на северозапад на Велика Британија.
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот предизвикува голема загриженост. Во моментов сме во многу опасна фаза на вирусот а сега се шират и нови соеви, изјавила британската функционерка Мишел Донелан.