И Куба подготува вакцина: „Соберана 2“ е во втора фаза на тетирање

Кубансите власти очекуваат со сопствени вакцини да го имунизираат населението годинава почнувајќи од првата половина на годината.

806

Куба има за цел со сопствена вакцина да го имунизира своето население  оваа година со сопствена вакцина за коронавирус. Директорот на Институтот за вакцинација Финлеј  Висенте Верес изјави дека земјата може да произведе 100 милиони дози  од својата вакцина  „Соберане 2′, која е една од четирите проекти за вакцини во рамки на клиничките иапитувања.Вакцинирањето на населението планирано е да почне во првата половина на 2021 година.

– Имаме капацитет да произведеме 100 милиони дози „Соберане 2“, што е најнапредниот кандидат за кубанска вакцина. И ако се оди како што треба, целото население на Куба ќе биде вакцинирано оваа година – рече Верес.






Тој информира дека вакцината  „Собарана 2“ е во фаза 2 од испитување врз 900 волонтери. Ако успее, во март ќе влезе во третата  и последна фаза пред одобрување, а ќе биде тестирана на 150.000 волонтери.

Верес информира дека и втората кубанска вакцина „Соберана 1“, која сега е во „фаза 1“, треба да оди во „фаза 2-3“ во февруари и исто така ќе биде тестирана на луѓе кои се опоравуваат од болеста.

– Во феврyари ќе почнеме клиничко испитување на педијатриската популација, така што вакцината може да се примени и на деца – рече тој.

Целта е да се почне општа вакцинација на Кубанците во првата половина на годината.

– Вакцината ќе биде бесплатна, но не и задолжителна. Исто така, ќе им биде понудена како „опција“ на туристите кои го посетуваат островот –  рече Верес.

Вкупно се подготвуваат четири кандидати за вакцини: „Соберана 1 и 2“, „Абдала“ и „Мамбиса“, сите во фаза на клинички испитувања (фаза I или II). Првите три се даваат со инекција, четвртата е спреј за нос.

Куба има повеќе од 30 години искуство во производство на сопствени вакцини и скоро 80% од вакцините во националната програма за имунизација се произведуваат во земјата.

 

Поврзани содржини