Од ковид-19 почина 12-годишно девојче во Србија, таа е најмладата жртва
Девојчето е примено на одделението за педијатрија во 17.16 часот, каде со санитетско возило е донесена од локалниот Дом на здравје во Тутин во многу тешка општа состојба.
Девојче од Тутин починал пред неколку дена во Општата болница Нови Пазар од последици на коронавирусот, јавува Нова.рс.
Според сознанијата на порталот, четиричлената комисија од специјалист анестезиолог, реаниматолог, специјалист педијатар и специјалист по судска медицина, соопштиле дека детето починало на 21 јануари во болницата.
Девојчето е примено на одделението за педијатрија во 17.16 часот, каде со санитетско возило е донесена од локалниот Дом на здравје во Тутин во многу тешка општа состојба.
По приемот подвргната е на достапните дијагностички процедури и дадена и е терапија, но и покрај преземените мерки дошло до натамошно влошување на состојбата и настапила смрт.
Станува збор за најмлада жртва од коронавиусот во Србија.