Дел од новата нуклеарна централа „Астраветс“ во Белорусија денес беше затворен, и тоа за време на процедурата на тестирање, откако генераторот го активирал системот за заштита.
Британските медиуми пренесуваат дека нивото на радијација во проблематичната зона било нормално.
– Системот за заштита беше активиран за време на пробното индустриско работење на одделот 1, како дел од тестирањето на системот и опремата – се наведува во соопштението на белоруското Министерство за енергетика, од каде се додаде дека зрачењето во близина на нуклеарната централа било нормално.
Истиот оддел на нуклеарната централа претходно, на 7 ноември, беше затворен поради технички проблеми за време на церемонијата на отворање, на која присуствуваше и претседателот Александар Лукашенко.