Пет угостителски објекти во Струга не ги почитувале мерките за заштита

203

Пет од осум контролирани угостителски објекти во Струга не ги почитувале одредбите за задолжително растијание меѓу масите и прусуство до четири лица на маса, утврдиле при вчерашната контрола инспектори од Државниот пазарен инспекторат и полициски службеници.

СВР Охрид денеска соопшти дека во еден угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.






– Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21), А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави – изјави портпаролот Стефан Димоски.

Димоски посочи дека полицијата ќе продолжи со своите активности со цел доследно спроведување на мерките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти.

Поврзани содржини