Поранешната ѕвезда на Вардар ја нуди својата куќа за загрозените од земјотресот во Хрватска (ФОТО)
Навивачите од цела Хрватска дојдоа во Петриња, Сисак и околните села, како и бројни спортисти како Дејан Ловрен и Мате Ковачиќ.
Хрватскиот град Петриња, близу кој беше епицентарот на разорниот земјотрес, претрпе најмногу штета, а после тоа цела Хрватска се крена на нозе и тргна да им помогне на загрозените.
Навивачите од цела Хрватска дојдоа во Петриња, Сисак и околните села, како и бројни спортисти како Дејан Ловрен и Мате Ковачиќ.
Ним им се придружи и ракометарот, кој играше и во екипата на Вардар, Лука Циндриќ, кој понуди сместување во својата куќа во Огулин.