Паника на прес-конференцијата на градоначалникот на Бања Лука: Луѓе, ова е сериозен земјотрес! (ВИДЕО)

Луѓе, ова е сериозен земјотрес. Ајде сите надвор или во мојот кабинет, таму е побезбедно - рече Станивуковиќ додека сите присутни панично ја напуштаат просторијата.

3,036

Силниот земјотрес со јачина од 6.3 степени според Рихтер што денеска ја погоди Хрватска се почувствувал и во Република Српска.

За тоа најдобро говори видеото од прес-конференцијата на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, која беше прекината токму поради земјотресот.






Земјотресот со јачина од 6.3 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Хрватска се почувствувал и во Република Српска.

– Луѓе, ова е сериозен земјотрес. Ајде сите надвор или во мојот кабинет, таму е побезбедно – рече Станивуковиќ додека сите присутни панично ја напуштаат просторијата.

Поврзани содржини