Нуклеарната електрана Кршко во Словенија прекинала со работа поради претпазливост веднаш по силниот земјотрес кој денеска ја погоди областа Петриња во Хрватска.
Гасењето на нуклеарката е стандардна процедура во случај на силен земјотрес, велат од компанијата за СТА.
Епицентарот на земјотресот кој се почувствувал и во Словенија бил 46 километри јужно од Загреб, кај Петриња.
Никлеарката се наоѓа околу 80 километри северозападно од Петриња.