Заев за настаните од 24 декември: Пред осум години беше нападната демократијата

Според премиерот, денес, осум години подоцна многу работи се променети во земјата,а  Собранието  е дом каде што царува дебатата, а не насилството.

309

Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод настаните во Собранието на 24 декември 2012 година, познати како „црн понеделник“.

„24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот однос кулминираше години подоцна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието“, напиша Заев.






Според него , денес, осум години подоцна многу работи се променети во земјата,а  Собранието  е дом каде што царува дебатата, а не насилството.

„Ја живееме слободата. Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без страв од упади и насилни исфрлања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности“, пишува  Заев.

Тој смета дека  датумите како 24 декември треба да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.

„Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!“, напиша Заев на Фејсбук.

Поврзани содржини