Наместо карго аеродром во Штип, парите ќе одат за 99 проекти за 75 општини

911

Владата  вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

– Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид, соопшти владината прес-служба.






Како што информираа претходно од Владата  99.те проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.

Поврзани содржини