Ќе се поправаат и санираат 13 покрив и 12 лифтови во Центар
Општината покрива 30 отсто од износот потребен за поправка на покривите и лифтовите.
Општина Центар одобри проекти за поправка на вкупно 25 покриви и лифтови во зградите. Проектите се избрани на јавен повик.
Како што соопштија од општината Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици.
Избрани проекти:
Поправка и санација на постоечки лифтови
- Бул. ВМРО 1/7
- Ул.Вељко Влаховиќ (Димитрије Чуповски) бр.21
- Бул. Кочо Рацин бр.26
- Ул. Народен фронт бр.33
- Ул. Св.Кирил и Методиј бр.20
- Ул. 11-ти Октоври бр.16
- Бул. Илинден бр.83/13
- Ул. 11-ти Октомври бр.18
- Ул. Васил Ѓоргов бр.24
- Ул. Народен Фронт бр.23/1
- Бул. Партизански одреди бр.14/1
- Ул.50-та Девизија бр.34 влез 2
Поправка и санација на постоечки покриви
- Бул. Кочо Рацин бр.26
- Ул. Даме Груев бр.3 влез 6
- Ул. Козара бр.64 влез2
- Ул. 11-ти Октомври бр.44 влез2
- Ул. Народен Фрот бр.13
- Ул. Киро Крстевски Платник бр.11 влез 1 и влез2
- Ул. Климент Охродски бр.13
- Ул. Франклин Рузвелт бр.72
- Ул. Васил Ѓоргов бр.24
- Ул. Народен Фронт бр.31
- Ул. Шумадиска бр.16а
- Ул. Антонио Грубишиќ бр.11/1
- Бул. Климент Охридски
Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на покриви и лифтови се санирани 53 станбени објекти