Пинк: Ковид-19 изгледа не ми беше доволен, па го скршив зглобот на ногата
Оваа 2020 година, само подарок за подарок. Среќни празници на сите! Кој е за коктел?“ - рече пејачката
Пејачката Пинк се јави од болницата и ѝ соопшти на публиката дека успеала да го скрши скочниот зглоб поради комбинација на несреќни околности.
За цело време на прегледот таа носеше заштитна маска на лицето, а на социјалната мрежа објави селфи така.
– Како да не ми беше доволен Ковид! Го исеков прстот додека го отворав виното. Ми ги извадија конците, сè помина добро. Потоа добив инфекција, од нигде никаде. Па, еве, го скршив зглобот на ногата. Мислам дека подоцна ќе се „ископам“ некоја салмонела, за да видам како е! Оваа 2020 година, само подарок за подарок. Среќни празници на сите! Кој е за коктел?“ – рече пејачката, мислејќи на Негрони, италијански пијалок направен со џин, малку „кампари“ и украсен со парче портокал.
View this post on Instagram