ВМРО-ДПМНЕ: Заев го покажа целото свое политичко лудило, во Штип дури и заразените од ковид беа носени на гласање

866

Заев го загрози здравјето на штипјани вадејќи на гласање болни од корона само да ја сочува фотелјата, реагира ВМРО-ДПМНЕ за спроведените локани избори во Штип и Пласница.

„Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес. Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани“, вели ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата, подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов.

„После сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани. Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ“. смета ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини