Твоја партија: Стоп за ковид профитерството
Итно ограничување на цените во приватните лаборатории за тестирање и болниците во кои се лекуваат пациенти заболени од ковид-19, по примерот на Грција и Бугарија, максималната цената за PCR тест да изнесува 1.850 денари, а на брз (rapid antigen) тест да биде 600 денари, и ограничување на максималните цени на болнички ден и третман во приватните болници
Немоќта на Владата во Македонија да организира здравствена заштита за сите граѓани во услови на пандемија, создаде ковид профитерство, кое секојневно расте. Во ниедна земја во регионот и во Европа, нема лекување на пациенти од ковид-19 во приватното здравство. Дури и во земјите во кои државата времено управува со приватните клиники, цените на услугите се ограничени, реагира Твоја партија.
– Единствено во Македонија владее безредие и овозможено е неконтролирано „ковид профитерство”. Бараме, по примерот на сите држави во Европа, Владата итно да го спречи „ковид профитерството”. Владата да превземе целосна контрола во лекувањето на пациентите од ковид-19 и тоа да биде на товар на државата, односно Фондот за здравство. Итно ограничување на цените во приватните лаборатории за тестирање и болниците во кои се лекуваат пациенти заболени од ковид-19, по примерот на Грција и Бугарија, максималната цената за PCR тест да изнесува 1.850 денари, а на брз (rapid antigen) тест да биде 600 денари, и ограничување на максималните цени на болнички ден и третман во приватните болници – велат од Твоја партија.
Партијата бара веднаш да се воведе ковид данок, а средствата од данокот да се насочат во фондови за подобрување на условите во јавното здравство. Од партијата бараат забрана и итна заштита на граѓаните од „ковид профитеството”.
.