ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше пред Владата за одбрана на македонскиот идентитет. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка затоа што едно говорел, а друго правел.
– Македонија ја губиме на делови. Помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори, тој сосема спротивно испорачува. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто. Дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен… Кога ќе дојде денот, не сакам да слушнам овој смее, овој не смее, сите ќе одговараат, кој за криминал, кој за велепредавство, кој и за двете работи – рече Мицкоски.
– Тука не има и од ВМРО-ДПМНЕ, не има и партиски определени, и партиски не определени. Не има и Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, но едно нешто не поврзува, а тоа е љубовта кон нашата татковина Македонија. Затоа да се заблагодариме на сите тие кои што денеска се овде со нас, како што кажа и професорката Котлар, можеби се разликуваме по некои работи, но по едно сме исти, а тоа е љубовта кон татковината, љубовта кон сопствениот народ, традицијата, историјата, обичаите. Затоа долго да ни живее Македонија. Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува. Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува – рече Мицкоски.