Приведен руски камионџија со 2,44 промили алкохол
Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија - се вели во соопштението од МВР.
Вечерва (02.12.2020) околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија.
Според полицијата, Русинот управувал со товарно моторно возило „волво“ со руски регистерски таблички и бил под дејство на алкохол.
– Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија – се вели во соопштението од МВР.