Боки 13 избркан од судница – го нарушувал редот и ја навредувал судијката
Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница - одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
По неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.
Оваа одлука на судијката Гаврилова Ефремова на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ уследи откако обвинетиот Јовановски ѝ се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна“.
– Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница – одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
Претходно, на денешното рочиште, исто така, заради попречување на презентација на доказите беше отстранет од судница и обвинетиот Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Јовановски.