Почина творецот на „Квискотека“, Лазо Голужа

573

Новинарот и уредник на Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина вчера во Загреб на 85-годишна возраст.

Оваа вест за порталот „24сата.хр“ ја потврди неговиот син Доминик Голужа.






Лазо Голужа беше познат како еден од создавачите на квизовите „Три, два, еден…“, „Дали вреди“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“…

Но, сепак неговиот најпознат ТВ-проект е квизот „Квискотека“. Првата емисија на „Квискотека“ е емитувана во далечната 1979 година, водител на легендарниот квиз беше популарниот Оливер Млакар.

Поврзани содржини