Саманта Фокс откри дека ги осигурала градите на 1,1 милион евра

861

Пејачката и модел Саманта Фокс (54), која на само 16 години се прослави како разголена sвезда на третата страница од британскиот таблоид „Сан“, откри дека ги осигурала своите славни гради за 1,1 милион евра во осумдесеттите години.

– По совет на агентот, ги осигурав градите, секоја дојка за 550.000 евра – признала природно надарената Фокс, за таблоидот што ја направи славна.






– Мојот агент тогаш рече: „Ако Бети Грејбл можела да ги осигура своите нозе, можеш и ти да ги осигураш твоите гради“.

Кога престанала да позира топлес во 1986 година, Саманта ја започнала својата музичка кариера.

На изненадување на посилниот пол, Фокс одамна призна дека не ја интересираат мажи и дека е лезбијка. Таа беше во врска со Мајра Стратон 12 години, која почина од рак во 2015 година. Таа сега е свршена со Линда Олсон, самохрана мајка на две деца.

ФОТО: Novosti.rs/Samanta Foks/Instagram

 

 

Поврзани содржини