Како „волшебници“: Срби украле дијамант од 12 милиони евра ВИДЕО
Како што наведува францускиот LE20H , тие припаѓаат на криминалната организација која годинава во Шпанија украла дијамант вреден 12 милиони евра. Се наведува дека со измама од златара во Цирих и Кан годинава однеле скапоцени камења вредни повеќе милиони евра. Уапсени се во минатата среда во хотел во Безансон.
Седуммина се уапсени во Франција под сомнение дека учествувале во ражба на дијамант и на друг накит ширум Европа. Станува збор за три жени и четири мажи кои се државјани на Србија и Романија. Тамошната полиција ги нарекла волшебници, бидејќи како што навеле, сите грабежи се изведени без употреба на оружје.
Како што наведува францускиот LE20H , тие припаѓаат на криминалната организација која годинава во Шпанија украла дијамант вреден 12 милиони евра. Се наведува дека со измама од златара во Цирих и Кан годинава однеле скапоцени камења вредни повеќе милиони евра. Уапсени се во минатата среда во хотел во Безансон.
Приведените имаат од 26 до 53 години, и кај нив во време на апсењето е најдено околу 20.000 евра и УСБ кое го користеле за да купуваат криптовалути. Дијамантите не се пронајдени.
Ниеден грабеж кој го извеле не бил вооружен, а оперирале така што се преправале дека купуваат дијаманти за руски или саудијски милионери.
– Тие се како волшебници. Во кан на 7 август еден маж сакал да продаде дијамант на руски богаташ. Во елитниот хотел се сретнал со жена која глумела посредник. Додека го гледала скапоцениот камен го сменила со лажен дијамант кој изгледал како вистински – вели во полицијата во Франција.
Потоа таа излегла преку лобито на хотелот и го предала дијамантот на својот сооучесник кој исчезнал без траг. Додека Русинот сватил дека е измамен, тие веќе биле далеку.
Споменатата жена го измамила Русинот за дијамант вреден 4,5 милиони евра, а освен што мамела со менување на накитот, неколку пати успеала да подметне лажни пари и да купи накит.