Мајкл Б. Џордан е најсексапилниот маж на светот, според изборот на престижниот магазин „Пипл“.
Триесет и тригодишниот актер ја презеде титулата од пејачот Џон Леџенд, кој беше најсекси маж за 2019 година.
Џордан се прослави со улогата во „Црниот пантер“.
Актерот синоќа на интересен начин беше прогласен за овогодишен победник во шоуто на Џими Кимел.
Актерот се појавил облечен во жолт костим, публиката погодувала кој се крие под оделото.
Во интервју за магазинот, Џордан изјави дека жените во неговото семејство се дефинитивно горди на неговата титула за најсекси маж во светот, спомнувајќи ги неговата мајка и тетка.
Џордан, кој што со својата титула се пофалил и на Инстаграм, се приклучил и кон другите победници на изборите на магазинот „Пипл“ низ годините.
„Пипл“ наведува дека Џордан се борел за правдата и надвор од екраните. Бил активен глас во движењето „Црните животи се важни“ и се залагал за регистрација на гласноста воочи изборите.
Открил и дека се надева дека во наредниот период повеќе ќе продуцира и режира, а помалку ќе глуми, како и дека сака да основа семејство.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб