Пандев најави големо изненадување за сите во Македонија ако вечерва ја победиме Грузија: Нема да откријам што е, но ви подготвивме нешто големо!
Заедно со соиграчите подготвивме големо изненадување за сите во Македонија, доколку успееме да славиме победа над Грузија. Но, во овој момент не сакам да откријам за што точно се работи. Прво да ја завршиме нашата работа, а потоа ќе следува изненадувањето - рече Пандев.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, најави големо изненадување за македонската јавност доколку денеска ја победиме Грузија и се пласираме на Европско првенство.
– Заедно со соиграчите подготвивме големо изненадување за сите во Македонија, доколку успееме да славиме победа над Грузија. Но, во овој момент не сакам да откријам за што точно се работи. Прво да ја завршиме нашата работа, а потоа ќе следува изненадувањето – рече Пандев.
Натпреварот ќе се одигра денеска во 18 часот на стадионот во Тбилиси.