Заврши реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов, работниците се селат на Момин поток

237

Денеска заврши реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов на потегот од  улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза, една од главните сообраќајни артерии во населбата Капиштец во центарот на градот.

– Останува уште на Васил Ѓоргов и на некојa од делниците на коишто работевме да се доуредат велосипедските патеки и тротоарите со цел да биде заокружен овој процес. Не застануваме тука, новиот пакет на градот е веќе спремен и во текот на следните дваесетина дена треба да започне продолжувањето на изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.






На улицата Васил Ѓоргов извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.000 метри, реконструкција на оштетените делови од тротоарите, заменети се оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со улицата Франклинг Рузвелт.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата беше завршена во предвидениот рок од 45 дена.

 

Поврзани содржини