Почина волонтер при тестирање на кинеската вакцина

726

Си-ен-ен Бразил пишува дека студиите за вакцината против коронавирус развиена во Кина, биле  прекинати поради појава на сериозни последици на штета на еден од волонтерите во Бразил. Поради прописите за приватност, не биле дадени повеќе детали.

Третата фаза на тестирање на вакцината CoronaVac започнала во Сао Паоло кон крајот на јули. Развиена е од кинеската фармацевтска компанија Синовац Биотех , што соработува со бразилскиот институт Бутан.






Бразилската агенција за надзор на здравјето Анвиса ја прекинала третата фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирус развиена во Кина, а според извори цитирани од Си-Ен-Ен Бразил, причината за ова е „сериозен инцидент“ во кој учествувал еден од волонтерите.

Дима Ковас, раководителот на Бутан, за локалните медиуми изјавил дека укинувањето е поврзано со смртта на еден од доброволците. Сепак, тој инсистира на тоа дека смртта не е поврзана со вакцината, пренесува Ројтерс.

Поврзани содржини