Двајца пациенти хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница ја загубиле битката со коронавирус, информираа од болницата, пренесе КТВ-телевизија.
– Еден пациент е на 79 годишна возраст од Марена и еден пациент на 77 години од Кавадарци – рече директорот на болницата д-р Диме Коцев.
Споре информациите на ковид-одделот се сместени 39 пациенти со средно-тешка клиничка слика.