Едно лице загина, а неколкумина се повредени при напад со нож во Ница
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан на Твитер објави дека поради нападот е закажан кризен состанок.
Вооружено лице со нож уби еден човек и повреди неколку други во близина на црквата Нотр-Дам во Ница, пред да биде уапсен, јави дописникот на МИА.
Француската полиција соопшти дека е уапсен сторителот.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан, на Твитер објави дека поради нападот е закажан кризен состанок.
Засега нема подетални информации за нападот.