Патници користат лажни тестови за да може да се качат во авион, а цената на негативен тест се движи од 55 до 165 евра.
Многу авио компании бараат негативни тестови на ковид-19, за да дозволат на патниците да се качат во авион.
Еден човек од Блекбурн во Британија вели дека пријател му дал негативен тест на коронавирусот, го променил името во свое и го испечатил. Го користел за патување во Пакистан, бидејќи за влез било потребно да почаже негативен тест на корона, не постар од 96 часа, пишува Сан, пренесува Б92.
Човекот којшто сакал да остане анонимен, рекол дека можел да патува во Пакистан со својот лажен тест.
– Луѓето тоа го прават бидејќи не можете да направите ковид тест ако мора да патувате во Пакистан во итна ситуација. Тешко ќе го добиете ако не сте некој важен – вели човекот.
– Ако немате симптоми, тогаш не правите тест. Како тогаш може да патувате?, прашува човекот.
Во Бретфорд има и тарифа за патниците, кои се решаваат да патуваат во последен миг, а тоа е 150 фунти, додека во Блекбурн наводно се наплатува 50 фунти.
Друг патник вели дека му требал тест на ковид за член на семејството.
– Разговарав со вработени во туристичка агенција и тие ми рекоа дека членот од семејството мора да се тестира, но и дека ако тестот е позитивен дека ќе ми обезбеди негативен тест за 50 евра – вели тој.
Од владата на Велика Британија порачуваат дека никој не би требало да ги користи државните ресурси за да се тестира на коронавирусот, туку дека тоа го прават во приватни лаборатории.