Украден сеф со пари од обложувалница, гостиварец уценуван со компромитирачки материјали

477

ВОЗЕЛ СО ТУЃИ ТАБЛИЧКИ – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В(46), од струшкото с.Поум. При сообраќајна контрола извршена на 25.08.2020 на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници констатирале дека пријавениот на своето патничко возило „фиат пунто“ поставил регистарски ознаки кои потекнуваат од друго возило.

УЦЕНУВАЛ ГОСТИВАРЕЦ СО КОМПРОМИТИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М.(46) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 09.10.2020, З.М. од својот мобилен телефон преку пораки уценувал 33-годишник од с.Градец, гостиварско, дека ако не му плати одредена сума на пари ќе објави материјали кои ќе му наштетат на честа и угледот на оштетениот.






ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА СО НОЖ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.В.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.  Тој, на 27.08.2020 во авто-кампот Љубаништа, физички го нападнал А.Ј.(20) од Охрид, при што користел и остар предмет.

ОГРАБЕН МАРКЕТ ВО ВЕЛЕС – На 25.10.2020 во 21.50 часот било пријавено дека во маркет во Велес едно лице со закана одзелo пари од вработената. Се работи на расчистување на случајот.

ИСТЕПАН СКОПЈАНЕЦ – На 26.10.2020 во 3.45 часот во СВР Скопје, Б.Н.(23) од Скопје пријавил дека на 25.10.2020 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ – На 26.10.2020 во 40 минути по полноќ часот во СВР Скопје, М.Д.(29) од Скопје пријавил дека на 25.10.2020 околу 23.15 часот, на подрачје на Гази Баба, едно лице со закана му одзело мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 25.10.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје, Д.Т.(36) од Скопје пријавил дека во спортска обложувалница на подрачјето на Аеродром дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу пријавителот и К.Ж.(24) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

ИСТЕПАНА МАЛОЛЕТНИЧКА ВО ЧИЧИНО СЕЛО – На 25.10.2020 во 16 часот во Полициско одделение Сарај, А.А.(52) од Скопје пријавила дека во Центар за бездомни лица „Чичино село“ нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од Т.А.(48) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

ИСЧЕЗНАТА МАЛОЛЕТНИЧКА – На 25.10.2020 во 1 часот во Полициската станица Гази Баба, М.А.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ш.А.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

УКРАДЕН СЕФ СО ПАРИ ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 26.10.2020 во 3.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, насилно било влезено во спортска обложувалница и бил одземен сеф со пари. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

Поврзани содржини