Две момчиња истепани во Градски парк, две жени ограбени во Центар

2,648

КРИВИЧНА ЗА ОХРИЃАНЕЦ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“, три „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“. Тој, кривичните дела ги извршил во периодот јули-септември 2020 година во куќи во Охрид, каде влегувал користејќи подесен алат. Притоа одземал пари, накит и други вредни предмети.

ПРИВЕДЕНИ МИГРАНТИ – На 24.10.2020 во 21,15 часот во близина на с.Крупиште-општина Карбинци, во населбата Ванчо Прке, биле забележани, а потоа приведени 13 мигранти од Авганистан. Се работи на расчистување на случајот.






ТЕПАЧКА ВО КАЗИНО – На 24.10.2020 во 21,00 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар во казино А.М.(24) и Т.М.(50) двајцата од Скопје биле физички нападнати од К.О.(24) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

АГРЕСИВНИ КОН ПОЛИЦАЕЦОТ – На 25.10.2020 во 00,20 часот на подрачјето на Кисела Вода С.П.(57) и Р.Т.(55) двајцата од Скопје агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИСТЕПАНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК – На 25.10.2020 во 00,50 часот А.Ј.(20) од Скопје пријавил дека во Градски парк тој и  М.Ј.(19) биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

ОГРАБЕНА ЖЕНА – На 24.10.2020 во 17,30 часот В.Л.(63) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале и и одзеле чанта и торба. Се работи на расчистување на случајот.

НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК – На 24.10.2020 во 23,50 часот В.И.(41) од Куманово пријавил дека во Куманово неговиот 16 годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА НА НИВА – На 24.10.2020 во 12,15 часот О.Г.(51) од с.Канино пријавил дека во нива во атар на с.Канино лоцирана на место викано Водениците Г.М.(55) од с.Канино физички го нападнал. Се работи на расчистување на случајот.

ИСТЕПАНА ДЕВОЈКА – На 24.10.2020 во 11,00 часот И.К.(51) од Кавадарци пријавил дека во Кавадарци неговата ќерка била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

ГРАНАТА ВО ТЕТОВО – На 24.10.2020 во 13,00 часот било пријавено дека во Тетово на место викано „Кале“ била пронајдена минофрлачка граната 80 мм. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово, а од Дирекцијата за заштита и спасување била безбедно подигната.

ОГРАБЕНА ВО ЦЕНТАР – На 24.10.2020 во 20,34 часот О.Ѓ. пријавила дека во ценатрот на Скопје три лица физички ја нападнале и и одзеле чанта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ – На 24.10.2020 во 21,20 часот во с.Милетино Д.Ѓ.(29) од с.Милетино физички нападнал полициски службеник. Тој приведен во Полициското одделение Жеровјане и против него ќе следи соодветен поднесок.

НАПАД ВО КАЗИНО – На 25.10.2020 во 05,00 часот било пријавено дека на подрачјето на Бутел во казино едно лице физички го нападнало вработениот и со закана одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 25.10.2020)

Поврзани содржини