Бајрам бил позитивен на коронавирус, Министерството апелира да не се прави масовен погреб

ЦЈЗ Скопје итно ќе спроведе епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот Бајрам со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

3,425
Министерството за здравство информира дека откако кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19, Центарот за јавно здравје-Скопје ги презема сите мерки за заштита и спречување на понатамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот.





„Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови. Со анкетата ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти. Согласно анкетата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе издаде решенија за изолација за лицата за кои таа ќе биде одредена“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Министертството изразува сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби, како и да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.
Според Министерството, Амди Бајрам бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана состојба (починат). Му бил земен брис, а резултатот потврдил присуство на вирусот ковид-19.
Поврзани содржини