Во ноќен клуб во Англија пронајдена плантажа на марихуана на три ката, вредна милион фунти

380

Полицијата во поранешен ноќен клуб во Ковентри открила плантажа на канабис на три ката за која се проценува дека вреди повеќе од милон фунти.

Вработени во британската Национална агенција за криминал (НЦА) во четвртокот го пребарале објектот и нашле 1.000 стебла на марихуана и опрема за садење, одгледување и наводнување, чија вредност се проценува на околу 150.000 фунти, пишува Sky News.






Приведени се тројца мажи. Тие се обвинети за производство на дрога од класата Б. Полицијата двајца привела со помош на дрон додека тие се обидувале да избегаат од зградата.

Поврзани содржини
na