Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска изјави дека ќе побара Брегзит без договор, доколку не дојде до фундаментална промена во пристапот од страна на Европската унија.
– Освен ако не дојде до фундаментална промена во пристапот, ќе одиме на решение во австралиски стил и треба да го сториме тоа со голема самодоверба, рече Џонсон откако преговарачите не успеаја да постигнат договор пред 15 октомври, рокот кој самиот го постави.