ВМРО-ДПМНЕ: Фијаското на политиките на Филипче доведе до скоро 2.000 заразени

Опозицијата порача дека министерот за здравство Венко Филипче треба итно да поднесе оставка.

290

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче на која беа соопштени новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник.

– Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со ковид-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот. Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Опозицијата порача дека министерот за здравство Венко Филипче треба итно да поднесе оставка.

Поврзани содржини