Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје има 96, Куманово 5, Штип 7, Прилеп 1, Тетово 19, Велес 2, Битола 1, Кавадарци1, Гостивар 6, Гевгелија 1, Струмица 8, Крива Паланка 2, Радовиш 2 , Кочани 10, Берово 6, Виница 5, Делчево 4, Неготино 1.
Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г)
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на ковид-19.