Кралицата Елизабета Втаро наводно збеснала откако нејзиниот сопствен персонал се побунил против планот во текот на Божик да ги задржи да останат во т.н. корона-балон во Сандрингем, пишува „Дејли мејл“. Корона-балон во Британија ги нарекуваат групите луѓе кои се често заедно на работното место или од други причини и на кои дружењето надвор од тие групи би требало да им биде ограничено заради спречување на ширењето на заразата.
Тимот од околу 20 вработени се побуниле затоа што кралицата сакала да ги спречи да ги поминат празниците со своите семејства и наместо тоа сакала да ги задржи во имотот во Норфолк за да ѝ служат на нејзе, на принцот Филип и на другите членови на кралското семејство во текот на Божик.
Но, се верува дека групата – која вклучува хигиеничари, перачи на облеката и вратари – се побунила затоа што не сакаат да се изолираат од своите најблиски дури четири недели. Од персоналот било побарано да останат на имотот еден месец за да можат да останат во „ковид-балонот“ за да ја заштитат 94-годишната кралица.
– Кралицата е бесна, но работниците не се предаваат. Тие сакаат да и бидат лојални, но сметаат дека од нив се бара премногу – рекол извор за „Сан“.
Откако ги заврши сите свои должности во Бакингемската палата, кралицата обично ги поминува празниците во Сандрингем, но поради новонастанатата ситуација, таа може да го помине Божик во замокот Виндзор – првпат по 33 години.
Кралскиот портпарол изјави дека кралицата има намера да го намали бројот на ангажирани во Бакингемската палата во пресрет на Божиќ.
Но, таа би можела да биде принудена да донесе тешка одлука за тоа кого да покани на Божиќна вечера доколку сегашните ограничувања останат во сила до декември.