Д-р Пановски: Загадениот воздух уште повеќе ќе го зголеми ризикот од ковид-19 во училиштата

Побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, додава тој.

731

Додека Комисијата за заразни болести тактизира за тоа дали воопшто да се предложи децата да седат целодневно во училиште додека родителите да завршат со работа, нелогичноста останува: ако децата учат со скратено време, и тоа само тие до 3-то одделение, заради опасноста од зараза – зошто би се оставале да седат целодневно во училиница?

– Тешко е да се очекува дека децата цел ден ќе носат и маски. Се зависи од временските прилики, кога ќе се загади воздухот, кога ќе бидат затворени прозорите навистина опасноста е се поголема и поголема, вели микробиологот Никола Пановски за Алфа.






Побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, додава тој, но нагласува и дека надлежните задоцниле со стартот на учебната година, која според него требала да почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

– Требаше тоа да биде подготвено уште во март месец па дури и онлајн да беше, зошто се одлага? Не мора на оваа платформа да е, знаете на тоа до сега што си учеа децата да продолжат, нешто ќе научеа. да не зборам што можеше надвор да држат настава со отворени прозори, значи никаква опасност… Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште, вели тој.

Поврзани содржини