Прво лежеа во гробови, сега ќе ги копаат, ако не носат маски

674

Локалните власти во Индонезија смислиле несекојдневна казна. Луѓето кои се фатени дека ги кршат мерките во борбата против пандемијата ќе треба да копаат гробови за жртвите од коронавирусот.

Досега осум луѓе ја спровеле казната и така и помогнала на заедницата и на работниците на јавните гробишта во селото Нгабетан. Казнетите не требало да учествваат во погребната служба.






Шефот на округот во регионот Гресик доделил по двајца казненици на секој гроб. Еден го копал гробот, додека другиот ги поставал дрвените плочи во гробната дупка.

Според власта, казните би требало да придонесат да се спречи натамошното кршење на мерките. Претходно во Индонезија е донесена одлука луѓето кои одбиваат да носат маска ќе може да изберат да платат казна или една минута да лежат во гроб.

Поврзани содржини