Срамно однесување на Белорусин и уништување на природно богатство во пештера во Жабљак во Црна Гора. Службениците за безбедност во Жабљак денеска до државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Плевља поднеле кривична пријава против А.Б од Белорусија, поради вршење на кривично дело „уништување и оштетување на заштитено природно богатсво”.
А.Б, како што се претпоставува, на 2 септември годинава околу 17 часот во спелеолошкиот објект Ледена пештера, кој се наоѓа во масивот Дурмитор во зоната на Националниот парк Дурмитор, кршел ледени сталактити кои претставуваат хидрогеолошо богатство, а кои се заштитени со Законот за заштита на природата.
„Полицијата заедно со обвинителството спровела неопходни активности за утврдување на околностите на овој настан. Службениците на Еколошките инспекции и одговорните лица во Националниот парк спроведоа активности од својата надлежност. По сите оцени на предметот, обвинителот наложи против ова лице да се поднесе кривична пријава”, стои во соопштението на Управата на полицијата на Црна Гора.
Žabljačka policija je podnijela krivičnu prijavu protiv osobe koja je u speleološkom objektu Ledena pećina koji se nalazi u masivu Durmitora u zoni Nacionalnog parka Durmitor, uništila ledene stalaktite, zaštićene Zakonom o zaštiti prirode.@VladaCG pic.twitter.com/xd3LhieA0a
— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) September 14, 2020