ПРИТВОРЕН СКОПЈАНЕЦ ЗА МАРИХУАНА – На 10.09.2019 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Сопиште го лишиле од слобода Т.Ѓ.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ШТИПЈАНИ ВООРУЖЕНИ ВО ЛОВ НА РИБИ – На 10.09.2020 околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др.. Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК – На 10.09.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–ХЕЦ „Козјак“, во атар на с.Батинци, патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(50) од с.Алдинци, скопско, удрило во пешакот А.З.(80) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ШТИПЈАНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗ – На 10.09.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Кадрифаково – Штип, кај населба Три чешми, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(47) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42) од Штип констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.
ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ – На 10.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„11-ти Октомври, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ТУРЧИН ФАЛСИФИКУВАЛ ИСПРАВИ – На 10.09.2020 во 10.40 часот на Кеј „Димитар Влахов“,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, од слобода бил лишен К.О.(46) од Р.Турција. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 10.09.2020 во 06.42 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на ул.„Билбилкамен“ во Битола помеѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од с.Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од Р.С.(53) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
ДЕВОЈКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 10.09.2020 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник.
ЖЕНА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 10.09.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Р.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Охридска“ била касната од куче скитник.
„ПАЈАКОТ“ ПОДИГНА 45 ВОЗИЛА – Во текот на 10.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле технички неисправни, 10 возила бидејќи биле нерегистрирани, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, пет возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, еден возач поради поминување на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престигнување и 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.