Грците се враќаат во Гевгелија, ќе им се прават брзи ПЦР тестови

На тој начин грчките државјани ќе имаат готови тестови со кои ќе можат да влезат во својата земја.

3,161

За да доаѓаат грчки државјани во Гевгелија, на кои матичната држава им бара негативни ПЦР тестови при враќање, министерството за здравство најави дека идната недела ќе инсталира опрема за брзи тестови во гевгелиската болница, пренесе „тв24“.

На тој начин грчките државјани ќе имаат готови тестови со кои ќе можат да влезат во својата земја. Тоа било едно од барањата на гевгелиските стоматолошки ординации, казина и маркети кои на Филипче му се пожалиле дека, грци се помалку доaѓале во Гевгелија оти немало услови за брзи тестови.






Гевгелиското стопанство трпи огромни загуби. Во казината, стоматолошките ординации речиси и да нема гости од Грција во последните месеци. Градоначалникот Сашо Поцков вели дека затворената граница кај Богородица го погоди услужниот сектор.

Од гевгелиската болница информираа дека имаат просторни услови за инсталирање на дополнителна опрема за изработка на брзи ПЦР тестови кои доколку добијат дозвола од здравствните власти ќе ги изработуваат со гевгелиcкиoт центар за јавно здравје.

Поврзани содржини