Љуљзим Вренези добитник на државната награда „8 Септември“

319

Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Љуљзим Вренези е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.






Додека наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Поврзани содржини