МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 02.09.2020 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КАМИОН ВО ПРОВАЛИЈА – На 02.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“, товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од с.Двориште, беровско, излетало од патот. На местото на настанот починал А.М. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Берово.
КУЧЕ НА ПАТОТ – На 02.09.2020 околу 11.45 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес, мотоцикл „лифан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(50), удрил во куче, по што паднал на коловозот. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР велес.
АПСЕЊЕ НА ГРАНИЦА – На 02.09.2020 во 17.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека Х.Л.(29) од Р.Албанија се наоѓа на листата со мерка апси по барање на Интерпол од Швајцарија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
ПРЕГАЗЕН ТРАКТОРИСТ – На 02.09.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен К.Ј.(61) од с.Љубанци, скопско. Според пријавеното, во нива во с.Љубанци, К.Ј. сакајќи да го стартува неговиот трактор со помош на жица, тракторот се придвижил и со едната гума поминал преку неговото тело. Се работи на расчистување на случајот.
ЛОШО КУЧЕ – На 02.09.2020 во 13.00 часот во Полициското одделение Сарај, А.Л.Ј.(59) пријавила дека во с.Долна Матка била касната од куче скитник.
ПАЈАК ЗБИРА – Во текот на 02.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се: едно возило бидејќи било нерегистрирано, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ЗА 03.09.2020)