Џафери: Колегите да не се апострофираат како Топ Шоп, со „паметњаковиќи“, некаде има и тепање по парламенти, па ај да се степаме!

Ќе ве опоменам сто пати и бидејќи неможам да ве оддалечам од седницата, немам друг излез, освен два пати опомена и трет пат да ве оддалечам, било кого - рече Џафери.

1,201

Не се согласувам во овој дом колегите да се апострофираат како Топ Шоп, со „паметњаковиќи“. Ќе ве опоменам сто пати и бидејќи неможам да ве оддалечам од седницата, немам друг излез, освен два пати опомена и трет пат да ве оддалечам, било кого. Некаде има и тепање по парламенти, па ај да се степаме! – рече нервозно собранискиот спикер Талат Џафери, којшто ги искара Игор Јанушев и дел од пратениците поради речникот и навредите коишто пратениците си ги упатија меѓусебно на говорницата.

Џафери му порача на Јанушев.






– Не ми држете предавање. На Собрание сте, не сте на партиска конференција за печат – кампањата заврши и таму тоа не се прави!

Пратеничката Гордана Сиљановска Давкова изјави:

– Не правете театар на апсурдот. Не постои избор на влада во кој што министрите држат лекции. Премиерот треба да си ја брани програмата, ама не со такви реплики. Се срамам што сум овде меѓу вас – изјави Сиљановска Давкова.

Спикерот Џафери само што објави пауза на седницата, по којашто на ред е да се обрати Сиљановска Давкова.

 

Поврзани содржини