Зибери не открива дали ќе гласа Филипче да биде министер

500

Пратеникот на ДУИ Арбен Зибери не открива дали ќе гласа Венко Филипче повторно да биде министер за здравство. Тој за порталот Лајм вели дека за тоа ќе зборува кога Собранието ќе ја гласа новата влада.

– Кога ќе дојде време да гласаме за владата, ќе зборувам – вели Зибери.






Тој пред изборите беше разрешен од министерот Филипче од функцијата директор на Центарот за јавно здравје во Скопје.

Зибери повтори декаимињата на кадрите на ДУИ  кои биле предложени за министри во новата влада нема да се променат.

– Имаше дебати, ДУИ е демократска партија и нема проблеми. Денес продолжуваме со работата на Собранието и како што сте информирани денес на агендата е изборот на потпретседатели на Собранието.

 

 

Поврзани содржини