Градоначалникот на Дојран во времето на Груевски бара вонреден конгрес и оставка од Мицкоски
Јас не сум среќен што во мојата партија во која сум пораснал мора со ваков активизам да се бориме за запазување на веќе воспоставениот европски стандард за понесување одговорност после изгубени избори, вели Стамов. Да потсетам, додава тој, претходните претседатели Георгиевски и Груевски, кои што ја раководеа партија по повеќе од 10 години двајцата, и ја водеа низ повеќе победи и успеси, при првиот свој пораз го запазија овој стандард.
Да потсетам, додава тој, претходните претседатели Георгиевски и Груевски, кои што ја раководеа партија по повеќе од 10 години двајцата, и ја водеа низ повеќе победи и успеси, при првиот свој пораз го запазија овој стандард.
„Актуелниот претседател не донесе ниту една победа или успех, и нема никаква рационална причина тој да биде привилегиран пред Георгиевски и Груевски. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде демократска партија каква што отсекогаш била. Затоа природна последица е дури и при најмала дилема за квалитетот на раководењето на партијата, партиските органи да можат без никаква пречка да се произнесат. А според статутот, Конгресот е над сите нас. Во услови кога мандатот на сите членовите на Извршниот комитет е истечен, во услови кога мандатот на најголемиот дел од членовите на Централниот комитет е исто така истечен, единствениот легитимен партиски орган кој би можел да дискутира за состојбата на партијата е Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Во услови кога немаме Централен комитет да носи легитимни партиски одлуки, вонреден конгрес може да свикапПретседателот или пак самите делегати на конгресот“, објаснува Стамов.
Тој порачува, за да се избегнат натамошни поделби најдобро е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да свика вонреден конгрес.
„Оттука, го повикувам претседателот да покаже демократски капацитет и уште утре да свика и закаже вонреден конгрес. Ако претседателот на партијата е сигурен во довербата на членството, за него е најдобро да се повлече, па конгресот кој го избра да има шанси повторно да се изјасни за доверба кон него. На крајот, би сакал да потенцирам дека моја идеја и желба е обединување на ВМРО-ДПМНЕ. Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ не е црно-бела како што се обидува раководството да ја прикаже. Партијата никогаш во својата историја не била до толку поделена. За жал, единствен начин за консолидирање на ВМРО-ДПМНЕ е преку одржување на вонреден конгрес и тоа треба да се направи во најскоро време“, вели Стамов.