Претепана и ограбена ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер: Луѓето се очајни поради корона-кризата ФОТО
Ајрланд Болдвин (24), ќерката на поранешната брачна двојка Алек Болдвин и Ким Бесинџер, вчера попладне ненадејно била нападната и ограбена на паркинг.
Манекенката го откри немилиот настан на Инстаграм споделувајќи фотографии од модринките на лицето.
Ајрланд тврди дека била нападната од дрогирана жена, која од неа барала пари, а откако физички ја нападнала, веднаш избегала. Но, брзата реакција на полицијата резултирала со нејзино апсење, како и на нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот, подготвен за бегство.
Манекенката ги предупреди обожавателите да бидат крајно претпазливи.
„Полицијата ми рече дека сè почесто се случува ова, затоа што луѓето се очајни за пари поради корона-кризата и невработеноста. Има многу грабежи низ зградот. Го споделувам ова да ве потсетам да бидете внимателни. Ова се тешки времиња и мора да се грижиме еден за друг“, порача Ајрланд.
FOTO: Instagram